Хорор во Србија: Во замрзнувач во болницата во Краљево пронајдени 13 мртви бебиња
Во Општата болница во Краљево во замрзнувач се пронајдени 13 мртви бебиња, а директорот на оваа болница „Студеница“ во Краљево, д-р Зоран Мрвиќ денеска на новинарите им рече дека тоа не се украдени бебиња, туку се работи за бебиња починати на породување, над кои е направена обдукција и кои се впишани во општинските книги, а нивните родители не сакале да ги преземат.
ПРЕДУПРЕДУВАМЕ ДЕКА ФОТОГРАФИИТЕ СЕ СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА
- Се работи за телата на бебиња кои последните три години починале на породување во болнциата. Според одлуката на Службата за патологија, нивните тела ги држиме во замрзнувачки. Одлуката за погребување на Собранието на Град Краљево е донесена пред три, четири месеци и сега има постапка за формирање комисија, која ќе го изврши тоа погребувањ, вели д-р Мрвиќ.
Според неговите зборови, болницата до сега немала можност тоа да го направи, зошто три години не им работи крематориумот.
-Тој е монтиран и чекаме согласност од Министерството за заштита на животната средина за палење.
Бебиеата ќе бидат погребани според законто кога ќе ја формираме таа комсиија, истакнува д-р Мрвиќ и напоменува дека „тоа не се исчезнати бебиња, туку природно починале“.
Д-р Мрвиќ вели дека во овој случај конкретно се работи за мртвородени бебиеа од 2016 година до денес.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот