Хорор во Србија: Македонски автобус излета од патот, четворица повредени

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во 5.50 часот утрово ан автопатот Белград - Ниш во близина на алексиначкото село Катул.
До незгодата дошло кога автобус на транспортната фирма Транспродукт кој сообраќал на линијата Скопје - Белград, од сеуште неутврдени причини излетал од автопатот.
Екипите на итната помош четворица повредени пренесоа до нишкиот Клинички центар. Тројца по дијагностиката се отпуштени зошто немале сериозни повреди, а еден пациент и натаму е во болнциа. Според неофицијалнтие информации на лекување е задржан возачот на автобусот кому најверојатно му се слошило во текот на возењето, што довело до несреќата.

Во Транспордукт соопштија дека во моментот на несреќата во автобусот имало 14 патници кои влегле во Скопје.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
