-->
-->
Хорор во Скопје: Разбојништво врз три деца на „Дижонска“
-->

Вчера околу 13,30 часот во Скопје на ул.„Дижонска“, во куќата на сопственост на А.И., 4-5 непознати лица маскирани лица извршиле разбојништво во обид над малолетните деца Б.И.(2004), Р.И.(2002) и Н.И.(1999).
Имено, додека сопственикот бил отсутен од куќата, лицата влегле во куќата, две од децата ги врзале во дневната соба, а едното дете се заклучило во бањата.
Истите извршиле пребарување по собите, а откако не пронашле пари, ги уклучиле ринглите од електричниот шпорет и ја напуштиле куќата.
Откако заминале, детето кое се заклучило во бањата излегло и ги одврзало двете деца во дневната соба.
Увид на лице место извршила увидна екипа од ЕУМНА при СВР-Скопје и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
