Хорор во Крива Паланка: Пронајдена гола жена, врзана во ланци и силувана
Во Крива Паланка е пронајдена жена, без облека, врзана со ланец за нозете и заклучана со катанец. Косата и била исечена. Првичните наоди се дека била силувана и брутално злоставувана од засега непознат сторител. 35 - годишната жена е штитеник на Дневниот центар за лица со посебни потреби, но живее сама со семејната куќа, информираше Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Според нив овој случај претставува повеќекратна дискриминација на жената каде се искористува нејзината ранливост пред се како жена, штитеник на здравствена институција, без поддршка на блиско семејство и ограничена деловна способност.
Националната мрежа потсетува дека со ратификувањето на Конвенцијата за правата на лица со попреченост, а во чија што преамбулата стои: Признавајќи дека жените и девојките со попреченост се често под опасност, во и надвор од домот, од насилство, повреда, злоупотреба или небрежен однос, малтретирање и експлоатација, Република Македонија превземала обврска да обезбеди сигурен и достоинствен живот на жените со попреченост, ослободен од насилство.
-Како мрежа во која членуваат 27 организации кои повеќе од 20 години работат посебните форми на насилство врз жената бараме од надлежните институции да превземат мерки да го разрешат случајот и соодветно да го казнат сторителот. Овој случај претставува грубо кршење на човековите права, особено на женските сексуални права и слободи кои само делумно се решени во Кривичниот Законик. Сметаме дека е време Република Македонија да посвети должно внимание на родово базираното насилство и да го криминализира Насилството врз жената и системски да ги адресира овие посебни форми на насилство кои ја таргетираат жената заради нејзината биолошка и социолошка природа. Затоа како Мрежа, Бараме итна ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа на спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство (Истанбулска Конвенција) која овие специјално насочени видови на насилство кон жените и девојките ги третира низ повеќе одредби, а особено во членот 3 Дефинирање на насилството врз жената (а и г) и Член 36 Сексуално насилство, вклучувајќи и силување. Ратификацијата на овој документ ќе доведе до соодветно регулирање на силувањето и адекватно казнување на ваквите случаи, а воедно ќе понуди и едно системско менување на институционалниот одговор кон сите видови на насилство врз жената и семејно насилство, стои во соопштението на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство по повод овој случпај во Крива Паланка.
Со ратификацијата на Истанбулската конвенција, Република Македонија ќе ги исполни и јасните барања упатени од страна на Комитетот за човекови права на ОН кои беа упатени на 2-ри и 3-ти јули 2015 година кога беше разгледуван третиот периодичен извештај поднесен страна на Република Македонија (CCPR/C/MKD/3) на својата 3170-та и 3171-ва седница (CCPR/C/SR.3170 и 3171). Една од клучните препораки на овој Комитет е јасното барање Македонија да го елиминира насилството врз жените и децата, и да разгледа признавање на насилството врз жените и децата како посебно кривично дело во Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата