Хорор во Хрватска: Го убил својот брат, му нанел две убодни рани во стомакот

Доцна синоќа се случи убиство во населбата Боровци во општина Кула Норинска. Маж го убил својот брат.
Полицијата го соопшти инцидентот утрово.
„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција на полициската управа Дубровник-Неретва и Полициската станица Метковиќ завршија кривична истрага со која беше утврдено основано сомнение дека 46-годишен маж сторил кривично дело убиство на штета на 51-годишник со кој има блиски семејни врски“, пишува полицијата.
„Осомничениот уби 51-годишен маж со ладно оружје, нанесувајќи му две убодни рани во стомакот“, се додава.
„Во конкретниот случај полицијата постапила по добиениот дојава и на местото на настанот е пронајден 46-годишен осомничен, кој е приведен и донесен во полициските простории за кривична истрага. По наредба на Жупаниското државно правобранителство, телото на починатиот е пренесено во Одделот за патологија на дубровничката болница каде ќе биде извршена обдукцијата“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
