Балкан
3. November 2016 - 15:40

Хорор во Бор: Малолетник со автомобил прегазил шест девојчиња и побегнал од местото на настанот!

Момче возејќи автомобил марка „опел“ попладнево во Бор изгубило контрола над возилото и удрило во група од шест девојчиња на возраст меѓу 13 и 14 години, кои стоеле на тротоарот.
 
Девојчињата за среќа минале со полесни повреди, а возачот побегнал од местото на настанот.
 
Полицијата веднаш излегла на терен, во тек е увид.