-->
-->
Хорор во Австрија: Дете (3) ја заглавило раката во машина, морале да му ја ампутираат за да го спасат
-->

Во еден деловен простор во австрискиот град Перг се случи страшна несреќа при што едно дете (3) ја провлекло и ја заглавило раката во машина - т.н. вијчен транспортер.
На местото на несреќата пристигнале екипи на итната помош, но раката на детето можела да се ослободи само на еден начин - со ампутација.
Тригодишното дете со спасувачки хеликоптер на австриски автомобилски клуб е префрлен во болница. Австриските медиуми пишуваат дека не е јасно дали на детето ќе може да му се пришие ампутираната рака.
Тимот за кризни интервенции моментално се наоѓа на местото на трагедијата и се грижи за шокираните членови на семејството на тешко повреденото момче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
