Хорор сцени од пожарите во Грција - Луѓето се обидуваат да ги спасат своите, но и животите на милениците
Пожарот што повторно се разгоре во подножјето на планината Парнита доведе до евакуација на неколку населени места недалеку од Атина.
Луѓето се обидуваат да ги спасат своите, но и животите на милениците.
Копнените и воздушните сили се борат со пламените јазици за да го контролираат големиот огнен фронт што избувна во областа.
Луѓето се принудени да ги напуштат домовите поради пожарот, а се стравува дека многу од куќите ќе бидат зафатени од пламенот.
Многу фотографии прикажуваат луѓе како носат кучиња, мачки и други животни во рацете. Ним им помагаат и волонтери.
Специјалниот Секретаријат за заштита на домашни миленици соопшти дека заедно со своите партнери од грчкиот Црвен крст десетици животни се ослободени од загрозените куќи и дворови.
„Вчера, заедно со нашите партнери од грчкиот Црвен крст, ослободивме животни од тешки места и евакуиравме куќи со десетици животни за кои бевме известени по 4 часот наутро. За жал, ситуацијата е многу тешка и од сите бараме смиреност и добра соработка“, велат од Секретаријатот и додаваат дека ќе бидат обезбедени камиони за превоз на поголемите животни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица