Живот
17. July 2015 - 20:48

Хорор на пораѓање: Студент по медицина по грешка исекол пенис на новороденче

Студент по медицина по грешка го исекол пенисот на новороденче во Салтило, Мексико мислејќи дека тоа е папочната врвца. Иако со години учи и оди на пракса, овој иден докотор направил катастрофална грешка.
 
Уште полошо е што целиот тим од доктори сакале оваа грешка да ја сокријат од родителите да детето, па веднаш го однеле на операција да му го сошијат пенисот.
 
Таткото после породувањето чекал цели два часа да го види својот син, па почнал да се сомнева дека нешто не е во ред.
 
Бидејќи докторите и додека го шиеле новороденчето направиле уште една грешка, морале да им соопштат на родителите.
 
Пенисот на малиот херој е во ред, но после операцијата се здобил со уште две повреди длабоки 2 сантиметри.
 
Изреволтираните родители веднаш побарале професионална нега за своето дете и случајот го пријавиле во полиција.