-->
-->
Хорор: Момче починало откако го пробало овој зачин кој сите го имаме во кујна
-->
Една скршена мајка, чие дете почина, ја споделува оваа приказна со сите родители ширум светот. Затоа што грешка се прави за неколку секунди, а таа грешка може да чини живот.
Малиот Метју Редар, како и секое дете, сакал да истражува и пребарува низ дома. Еден ден додека бил во кујната, ја отворил полицата со зачини. Додека ги фаќал, на прстите му се залепила мала количина на цимет, а потоа детенцето, раката си ја ставило во уста.
Почнал да кашла, а потоа и да се гуши.
Метју добил напад и неговата мајка повикала Итна помош. Два часа подоцна, во болница, момчето почина.
Гушење предизвикано од цимет е наведено како причина за неговата смрт.
Мајката Бријана од нејзината трагична приказна предоцна ја извлече поуката, но сега сака на сите родители да им порача да бидат внимателни. Цимет има во секој дом, но мора да се внимава каде се чува.
Циметот е опасен. Циметот може да предизвика гушење, а во овој случај со мало дете, дури и смрт.
На Интернет во моментов има популарен предизвик наречен “цимет-предизвик“. Тоа е обид да се голтне цела лажичка со цимет за помалку од една минута.
Досега, дојде до неколку колапси и проблеми со дишење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло