-->
-->
Хорор: Милицијата обезглави 42 полицајци
-->
Милицијата во Конго обезглави 42 полицајци откако им направи заседа во провинцијата Касаи, каде во последните неколку месеци насилството е значително зголемено.
Претседателот на оваа провинција Франсоа Каламба наведе дека припадниците на милицијата Камвина Нсапу го извеле нападот на подрачјето помеѓу градовите Чикапа и Кананга.
Каламба истакна дека пропадниците на милицијата ослободиле 60 полицијаци бидејќи го зборувале локалниот чилуба јазик.
Милицијата Камвина Насапу се бори против силите на Конго од август минатата година, кога безбедносните сили го убија нивниот лидер.
Досега се убиени околу 400 лица, а ОН и организациите за заштита на човековите права ја предупредија војската на Конго да престане да употребува прекумерна сила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст