Хорор: Мајката на убиениот навивач се запали на неговиот гроб
Биљана Јаќимовиќ, мајката на навивачот на Црвена Звезда Александар Јаќимовиќ (21) кој пред шест месеци е избоден со нож во тепачката на навивачи во Чачак, случајно се запилила на гробот на синот додека му палела свеќа.
Пламенот од свеќата на несреќната жена и го зафатил здолништето и таа се здобила со тешки изгореници. Новата трагедија ја спречиле случајни минувачи, кои го изгасиле живиот факел.
-На Биљана во болница и е направена трансплантација на кожата поради тешките изгореници на нозете. Операцијата помина добро и таа е пуштена на домашно лекување. Вистинска среќа е што на гробиштата се затекнале луѓе кога здолништето нагло пламнало. Сведоците виделе дека несреќата се случила додека таа палела свеќа на гробот и дека не се запалила намерно. Скршена од болка, Биљана не била во состојба да се снајде додека пламенот и ја голтал гардеробата, вели сведок на настанот.
Според неговите зборови, сцената која неодамна го наруши мирот на гробиштата малку потсетува на оние од доброрежираните филмови со кои режисерите сакаат да ги шокираат гледачите.
-Кога го видовме живот факел, жената која безуспешно се обидуваше да го изгаси своето здолниште, потрчавме вез двоумење да и помогнеме. Буквално се фрливме врз подвижниот жив факел. После десетина минути пламенот е изгаснат. Повикавме брза помош која и укажа помош на жената и ја префрли во болница, вели соговорникот.
Инаку, младиот Јаќимовиќе е убиен на закажаната пресметка на навивачите на Црвена Звезда и Борац на градскиот плоштад во Чачак.
Тепачката се случила во три часот по полноќ, а натпреварот меѓу Звезда и Борац која беше закажана во саботата во 17 часот во Чачак, е одложена.
Поради ова убиство и ранувања се приведени три момчиња од Чачак.
Ново на Сител
-
Пет повредени денеска се враќаат од странство, четворица пациенти и натаму се критични
-
Беќаровски: Како да се намалат последиците при труење со јаглерод моноксид
-
Општина Охрид одвојува 1 милион денари помош за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП