Хорор ја стресе Македонија: Го убил брата си, па се обидел да убие и 14 годишно дете
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп до судија на претходна постапка поднесе барање за определување на мерка притвор за едно лице од с. Алданци, Крушево, за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Убиство и Убиство во обид.
Осомничениот се товари дека со умисла на свиреп начин го лишил од живот неговиот брат, напаѓајќи го најпрвин со секира со дрвена рачка во нивната семејна куќа, а потоа продолжил да го удира во пределот на главата со метална водоводна поцинкувана цевка додека не го усмртил.
По извршеното убиство, осомничениот се упатил кон куќа во непосредна близина каде што со истата метална водоводна цевка се обидел да лиши од живот едно 14-годишно дете, но притоа бил спречен од соседите кои го фатиле. Детето со телесни повреди е пренесено во болницата во Прилеп каде му е укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот од надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД