Хорор: Државен службеник рани двајца функционери, па се самоуби

Државен службеник вооружен со пиштол денеска упаднал во сала во која се одржувал состанол на локалните градски и партиски лидери на југозападниот кинески град Панџихуа и почнал да стрела кон присутните.
Како што јави Хсинхуа, при нападот се ранети градоначалникот на Панџихуа, Ли Џијанчин и лидерот на Градскиот комитет на Комунистичката партија на Кина, Чанг Јан.
Веднаш по инцидентот, напаѓачот, кој работел како секратар на градската управа, побегнал во непознат правец.
Меѓутоа набрзо, безживотното тело на 54-годишниот секретар Чен Џунгшу било пронајдено на друг кат во истата зграда во која го извршил нападот. Врз основа на прострелната рана, полицијата претпоставува дека тој извршил самоубиство.
Ранетите функционери се пренесени в болница и според кинеските медиуми, тие се вон животна опасност.
Причините за нападот засега не се познати.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
