Хорор: Деца изгладнети во сиропиталиште, нозете им се слаби како чепкалки, кожата им виси
Смртта им се заканува на штитениците на сиропиталиште во Минс во Белорусија. Околу 100 деца со години се изгладнувани, до таа граница што изгледаат како да живееле во нацистички логор, а не во дом за сираци.
Ужасната судбина на децата е откриена при акција за собирање пари за сиропиталиштето, по што властите во Минск наредија итна истрага.
Фотографиите од децата со премногу слаби екстремитети, ребра што се оцртуваат и впиени образи длабоко ја потресоа светската јавност. И додека локалното обвинителство го товари раководството на сиропиталиштетот за злоставување на деца, тие тврдат дека немале доволно пари за да купат калорична храна.
Раковоствотото на друго сиропиталиште тврди дека децата имале редовни оброци но не можеле да се здебелат. Одредени се жалеле што не можеле ништо да направат за состојбата на овие деца зошто повеќето од нив боледуваат од церебрална парализа.
Истрагате е во тек.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега