-->
-->
Холандска стопанска делегација во посета на Кочани
-->
Градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски денеска ја прими стопанската делегација од Кралството Холандија предводена од заменик амбасадорот Анри ван Менс, на која разговарале за ефектите од холандските инвестиции во општината, како и можноста соработката на економнски план да се прошири.
Димитровски изразил задоволство од работата на четирите компании од Холандија кои работат во Кочани. Нагласил дека се вработени повеќе стотина луѓе, а ефектите од работењето, подвлекол, се посебно за одбележување. Тој изразил надеж дека ваквата соработка ќе продолжи и понатаму.
За заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Анри ван Менс, соработката со општина Кочани задоволува бидејќи, посочил, овие компании најдоа плодна почва за работа во кочанскиот регион.
Во општина Кочани работат компаниите „Антура“ во која се произведува цвеке,потоа текстилните компании „Вима фешн“ и „Нидо глобал“,како и компанијата за изработка на ладилници и други разладни тела „Гирл лос“.
Делегацијата од Холандија заедно со градоначалникот Димитровски и преставници од општината ги посетија овие четири холандски компании кои успешно работат во општина Кочани
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово