Хојт Ји се сретна со Ахмети и со Тачи
Заменик помошникот државен секретар во американскиот Стејт департмент Брајан Хојт Ји, кој денеска престојува во посета на Република Македонија, претпладнето во Американската амбасада имаше одделни средби со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.
Ахмети по средбата изјави дека со Ји разговарал за ситуацијата во земјата и во регионот, за изборите кои ќе се одржат на 5 јуни, како и за договорот постигнат на 2 јуни и анексот на 15 јули, но и за активностите и ангажманот на Република Македонија за Самитот на НАТО во Варшава во јули годинава.
- Се согласивме дека овие избори мора да бидат кредибилни, да не бидат оспорени од ниту една страна, да ги исполнат сите стандарди и да не бидат оспорени ниту локално, ниту меѓународно. Разговаравме и за чекорите кои Македонија ќе треба да ги преземе во правец на ангажманите што ни претстојат за Самитот на НАТО во јули за да имаме поголеми очекувања, изјави Ахмети.
Тој истакна дека не било разговарано околу повторно поместување на изборите, туку за исполнување на задачите од страна на сите институции како што се политичките партии, ДИК и други, изборите да бидат кредибилни, а политичките партии, подвлече, да си ја работат својата работа, да нема притисок и заплашување кон гласачите.
На новинарско прашање дали очекува кредибилни избори, Ахмети рече дека смета дека овие избори ќе бидат најмониторирани избори во Република Македонија од нејзината независност.
Прашан дали треба да се исполнат сите услови вклучувајќи го и договорот за медиумите, Ахмети нагласи дека се разговара околу многу прашања, а САД, како што рече, беа и остануваат наши пријатели - помагаа во минатото, помагаат и сега.
За тоа дали ќе се појави и кој е неговиот став за тоа што е повикан денеска во СЈО во врска со случајот „Космос“, Ахмети одговори дека за тоа „ќе разговара таму“.
Прашан дали протестите најавени од ДУИ за денеска можат да ја влошат безбедносната состојба во државата, лидерот на оваа партија Ахмети потенцира дека столб на демократијата се протестите.
Лидерот на ДПА Тачи, пак, по средбата со Хојт Ји рече дека конкретната порака е дека САД се најголемиот поддржувач и сојузник на Македонија, но треба да сфатиме оти ние треба на нив да им дадеме силен аргумент за тие да се борат што побрзо да станеме членка на НАТО. Нема посилен аргумент, вели Тачи, од придонесот претстојните избори да бидат фер и демократски и да се исполнат условите предвидени од договорите од 2 јуни и 15 јули.
- Од моја страна имаше скептицизам дека уште не е ништо направено за да се подобрат условите. Ние како ДПА ќе продолжиме да даваме конструктивен придонес во овој процес. Многу работи во овој процес не ми се допаѓаат, но мислам дека тоа не е толку важно бидејќи ние сме стриктно ориентирани дека Македонија треба да стане членка на НАТО и на ЕУ и друга алтернатива тука не може да функционира, изјави Тачи.
Во врска со поставувањето на крстот и споменикот - двоглав орел, одговарајќи на новинарско прашање, Тачи им порача на граѓаните да не паѓаат на, како што наведе, тие провокации. - Мислам дека тоа е веќе видена игра на двајцата партнери секогаш пред избори да се спечали некој политички поен, а тоа не е добро. Пораката до ДУИ е дека сите овие проблеми би требало да се решаваат во институциите на системот и тука на пример да донесат одлука албанското знаме да се употреби во Парламентот, а не на улица, рече Тачи.
На прашањето дали активностите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ можат да предизвикаат подлабока безбедносна криза во земјава, лидерот на ДПА одговори дека не верува во тоа, бидејќи сме под силен мониторинг и на секој ќе му се стават поените било негативни, било позитивни и тоа мора сите да го сфатат.
Заменик помошникот на државнио
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство