Балкан
2. April 2021 - 17:28

Хит транспарент на мајка чиј син дипломирал по 10 години

На социјалните мрежи се појави фотографија од Хрватска на која една мајка е пресреќна поради дипломирањето на нејзиниот син.

Сања е новата миленичка во регионот бидејќи дипломирањето на нејзинот син го прославила со соодветен транспарент.

Исцрпените мајки со „деца“ кои се во триесетите години и се уште студираат добро ќе разберат како се чувствувала Сања во тој момент.

Фотографијата е сликана во Риека, а објавена е од братучед на гордата мајка и 28-годишниот син кој „упорно, темелно и стрпливо“ студирал на Правен факултет.