Македонија
3. December 2015 - 18:49

Хит претставата „Љубовници“ во Велешкиот театар

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, а во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“, вечер ќе биде изведена хит претставата „Љубовници“, по текст и режија на Катерина Коцевска.

Во претставата настапуваат актерите: Билјана Беличанец Алексиќ, Зоран Љутков, Драган Спасов Дац и Маја Вељковиќ Пановска. Сценографијата е на Филип Гулевски, а костимите на Раде Василев.

Како што појаснуваат од Велешкиот театар, претставата Љубовници“ е напишана во 2009 година и не е прв текст на актерката Коцевска. Станува збор за современа, урбана љубовна приказна меѓу гинеколог, адвокат и нивните сопруги.