Хит бизнис: Жени од странство доаѓаат во Србија по нова вагина
Се повеќе Србинки со смалување ја подмладуваат својата вагина. Оваа интервенција во Србија е значително поевтина од било каде на друго место во светот (само 200 евра) поради што жени од странство речиси секојдневно доаѓаат во Белград и Нови Сад. Евтина во Србија е и операцијата за креирање на нов женски полов орган и затоа тука се повеќе мажи доаѓаат за промена на полот. Чини 2.000 евра.
Гениталната естетска хирургија стана дел од пластичната хирургија и постојано се проширува, вели д-р Светлана Јанковиќ Ражнатовиќ, гинеколог во ГАК „Народен фронт“.
Таа објаснува дека вагинопластика е хируршка интервенција на креирање или смалување на вагината, додека постои и неовагинопластика, креирање на нова вагина, главно кога е во прашање хируршка промена на полот.
-Хируршкото скратување на вагината мислам дека не е неопходно и е дел само на општиот тренд жените во се да бидат соврешени. Во секој случај, неопходна е добра проценка кому и кога тој вид на хируршка интервенција му е потребна. Пациентот мора секогаш да има во предвид дека секоја хируршка интервенција со себе носи компликации врзани со зараснување на раната, крварење, создавање лузни, можни инфекции и слично - вели д-р Ражнатовиќ.
Оваа интервенција не ја покрива здравственото осигурување и нејзината цена во странство се движи од 2.000 до 10.000 евра. Во Србија чини околу 2.000 евра и поради тоа се поголем број мажи кои менуваат пол „по својата вагина“ доаѓаат токму во Белград.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата