Живот
24. May 2017 - 14:48

Хирурушка инервенција за големување на пенисот во Македонија: Се срамат да имаат секс поради големината

Хируршката интервенција на зголемување на машкиот полов орган е релативно нова процедура во македонското здравство. Ретко ќе најдете маж кој ќе зборува за ваков „проблем“, доколку го има. Мала е бројката на оние што се одлучуваат на ваков потег. Меѓутоа, со достапноста на информациите на интернет, работите полека се менуваат.

- Се работи за еднодневна интервенција -  пациентот лежи во болница само еден ден. Интервенцијата се изведува низ минимален рез кој потоа не се забележува, но ефектите се извонредни. Се вградуваат природни материјали, како перикард (обвивката на срцето од животинско потекло) и вештачки материјали. Тие се како лист хартија со кои се замотува пенисот и пациентот добива ширина која е прифатлива за него. Максималната должина што може да се добие со хируршка интервенција, според медицинските протоколи, е 2,5-3 сантиметри.

Најчести барања на пациентите се во еден акт да се добие продолжување на пенисот - елонгација и задебелување - аугментација. Пациентите ги прифаќаат реалните вредности за да немаат последици врз ерекцијата и сексуалниот живот.