Loading Video...
Спорт плус
10. March 2019 - 17:02

Хиршер ја потврди доминацијата во Светскиот куп

Марсели Хиршер уште една потврди дека во моментов „му нема рамен“ во Светскиот куп во алпско скијање. 
 
Австриецот, веќе осми пат по ред ќе биде севкупен победник односно ќе го освои големиот кристален глобус.  Иако денешниот слалом во Крањска Гора го заврши како трето пласиран зад Швајцарецот, Рамон Зенхаурсен и Норвежанецот, Хенрик Кристоферсен, сепак Хиршер веќе има недостижна предност во Севкупниот генерален пласман. 
 
Воедно Австриецот и по шести пат се радува на освојувањето на малиот кристален глобус наменет за најдобриот во најтехничката дисциплина, слаломот.