Балкан
19. February 2022 - 10:18

Хина: Полициски претрес во станот на хрватскиот министер Дарко Хорват

– Полицијата утрово почна да го претресува станот на хрватскиот министер за градежништво, просторно планирање и државен имот Дарко Хорват, пренесува Хина неофицијални информации од хрватските медиуми.

Полицијата и државното обвинителство се уште не се изјасниле околу таа информација.

Порталот Телеграм неофицијално дознава дека Хорват е поврзан со злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Извори за порталот велат дека истражни органи ја проверуваат вмешаноста на Хорват во злоупотребите за кои е осомничена неговата поранешна помошничка Ана Мандац.

Ускок се сомнева дека таа, на барање на Јосипa Римац, поранешна градоначалничка на Книн, организирала државна помош за претприемачи од Министерството за економија во времето кога го предводел Хорват, пишува порталот.