„Хилтон“ во Скопје ги отвора вратите на 1 јануари
Македонија доби хотел од највисока, светска категорија. „Хилтон“ ги отвора вратите од 1 јануари 2019 година.
Лоциран покрај кејот на реката Вардар близу мостот „Близнак“ во општина Аеродром, објектот на пет ката со едно подниво зафаќа површина од 22.000 метри квадратни. Станува збор за инвестицијата вредна 50 милиони евра која моментно вработува 100 лица.
Како што беше речено на вечерашниот прием по повод официјалното отворање кое треба да се случи кон крајот на јануари 2019, „Хилтон“ располага со 170 соби, 15 апартмани од кои еден претседателски, модерни спа и фитнес центри, традиционална турска бања, пет конференциски сали, три ресторани…
-Реализиравме сериозен проект со кој може да се гордее цела Македонија. Го обезбедивме највисокото ниво во хотелиерството. Го донесовме „Хилтон“ кој досега беше присутен во 120 држави со вкупно 5.500 хотели. Како бизнисмен присутен на македонскиот пазар преку 25 години, горд сум на оваа инвестиција и нејзиното реализирање во полн сјај, рече инвеститорот Ајдован Адемоски.
Тој нагласи дека објектот освен што е импонзантен однадвор, енергетски е ефикасен и има врвно хортикултурно уредување. На проектот, нагласи, се работело интензивно две години.
-Многу сум среќен што Скопје и Македонија добија ваков хотел. Ова значи нов имиџ, но и порака за многу инвеститори дека земјава е надежна дестинација за чие било вложување. Како премиер се гордеам на ваквата инвестиција и сметам дека е одлична најава за 2019-та која ќе биде економска година, потенцира премиерот на Владата Зоран Заев кој беше меѓу присутните на приемот.
Заев подвлече дека токму оваа инвестиција успеала да врати 30 млади луѓе и да им обезбеди вработување.
Генералниот директор на „Хилтон“ Ерџан Ќосе информира дека првиот гостин што треба да пристигне на 1 јануари е Грк.
На приемот по повод отворањето на „Хилтон“ покрај Заев присуствуваа и министри во Владата, градоначалници, амбасадори и други претставници од политичкиот и јавниот живот.
Ново на Сител
-

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите припадници на полицијата во Диво Насеље
-

Даниловски за хантавирусот: Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и алгоритамски произведен страв
-

Нултиот пациент кој заболел од хантавирус на крузерот „Хондиус“ бил холандски орнитолог
-

Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки
-

Вкупно девет пријави во последното деноноќие за семејно насилство
-

Во Хрватска се повеќе случаи на намерно самоповредување, најлоша е ситуација кај тинејџерките
-

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина
-

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток

