Хилари Клинтон ја обезбеди номинацијата на Демократската партија, тврдат американските медиуми
Клинтон, водечкиот претендент на Демократската партија за претседателските избори во САД, ја обезбеди номинацијата, тврдат американските медиуми, повикувајќи се на изброените супер делегати, што таа веќе ги има зад себе, за партиската конвенција, следниот месец.
На Клинтон и беа потребни 2383 делегати за да биде прогласена за кандидат на демократите и се смета дека бројката ја достигнала по уверливата победа на прајмери изборите во Порторико и новата, силна поддршка на супер делегатите, пишува „Вашингтон пост“.
Тие се функционери на Демократската партија и лидери на сојузните држави кои се определуваат за еден од кандидатите во трката за партиската номинација, но не гласаат до одржувањето на конвенцијата.
Нејзиниот противкандидат, сенаторот од Вермонт Берни Сандерс изјави во Лос Анџелес дека не ја признава победата на Клинтон, бидејќи таа е определана само од поддршката на супер делегатите, а тие не гласаат.
Претходно тој порача дека останува во изборната трка до крајот, па дури и да биде поразен во Калифорнија, на денешните прајмери избори.
Медиумите сепак ја прогласуваат Клинтон како првата жена во американската политичка историја, номинирана да биде претседател на САД.
Од првиот претседател Џорџ Вашингтон, пред 227 години, досега имало 44 претседатели, сите мажи и освен еден, сите белци.
Во кусата изјава , Хилари Клинтон не сакаше да ги коментира бројките кои ги изнесуваат медиумите за нејзината победа.
- Се наоѓаме пред историски момент и настан без преседан, но се уште работиме тоа да го постигнеме, рече Клинтон.
Ново на Сител
-
„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија
-
Собранието го донесе Законот за енергетика, за Божиновска тоа е еден од најважните
-
Зеленски: Не сум разговарал со Венс од кавгата во Белата куќа
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје