Македонија
9. February 2024 - 15:53

Хигиеничарка во Психијатрија снимала и објавила пациентка

СВР Тетово, поднесе кривична пријава против А.А. (47) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривичнидела „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“.

- На 28.11.2023 пријавената, вработена како хигиеничарка, во клиничка болница во одделот за психијатрија, неовластено снимала пациентка, а потоа  видео снимката ја објавила на социјална мрежа, со што наштетила на угледот и честа на пациентката, соопшти МВР.