Хезболах тврди дека извршил напади на израелски воени пунктови
Либанската група Хезболах доцна синоќа соопшти дека извршила напади врз два израелски воени пунктови во близина на јужната граница на Либан, јавува Анадолија.
Според Хезболах, биле извршени ракетни напади врз воените позиции Џал ал Алам и Ал Абад.
Во друго соопштение, либанската група наведе дека со наведувани проектили и соодветно оружје гаѓала воени точки во населбите Шумира и Довев, како и Ал-Бахри.
Воениот пункт Зибдин исто така беше погоден со проектил Фалаг-1, се додава во соопштението.
Од почетокот на војната во Газа на 7 октомври минатата година, на границата меѓу Израел и Либан постојано избувнуваат судири меѓу израелската армија и Хезболах, кој е поддржан од Иран. Во судирите досега загинаа 171 член на Хезболах, 30 либански цивили, шестмина израелски цивили и десет израелски војници.
Ново на Сител
-
Скопје -Женева и Скопје - Париз, две нови линии од скопскиот аеродром
-
Импровизирана кукла со ликот на Маск обесена на плоштад во Милано
-
Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат