Хезболах: Сирискиот одговор на израелските воздушни напади е почеток на нова стратегија

Либанската шиитска организација Хезболах го поздрави сирискиот одговор на израелските воздушни напади против ирански и сириски бази во Сирија, нагласувајќи дека таа реакција претставува „нова стратешка фаза“, со која се става крај на нарушувањето на сириската територија.
Израел соопшти дека еден од израелските авиони-ловци Ф-16 се урнал, откако бил цел на интензивен напад од сириската противвоздушна одбрана. Израел одговори со силен напад врз 12 бази во Сирија. Според израелската армија, инцидентот е предизвикан од ирански дрон, кој навлегол во изралеското воздушно пространство, што е демантирано од заедничкиот оперативен штаб на Сирија и нејзините сојузници - Иран и Хезболах.
Хезболах испрати илјадници борци како поддршка на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
