Свет
11. September 2016 - 11:07

Хезболах го поддржува договорот за прекин на огнот во Сирија

Либанското шиитско движење Хезболах, кое се бори на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад во Сирија, објави дека го поддржува договорот постигнат меѓу Вашингтон и Москва за прекин на огнот.

Хезболах соопшти дека сојузниците на Сирија ќе поддржат се што ќе прифати сириската Влада.

Во соопштението се наведува дека договорот за прекин на огнот е можност што треба да се искористи во корист на сирискиот народ.