Loading Video...
Фудбал
12. March 2023 - 18:41

Хет-трикот на Опенда за само 4-минути

Екипата на Ленс останува во трка за позициите што носат пласман во Лигата на шампионките следната сезона.
 
Во натпревар од 27 коло на француската Лига 1, Ленс како гостин го совлада Клермон со 4-0
 
За само четири минути во првиот дел гостите ја најавија победата хет-трикот на белгискиот интернационалец Лоис Опенда во 30-тата, 32-та и 34.минута,
 
Конечните 4-0 ги постави Клод Морис во 76-минута.
 
Со трите освоени бодови и вкупно 54, тимот на Ленс сега е трето пласиран со бод помалку од Олимпик Марсеј односно три повеќе од Монако кој е на четвртото место.
 
Сепак конкурентите денеска треба да ги одиграат своите средби од оваа рунда.