-->
-->
Хероин пронајден при претрес во Гостивар, уапсен 69-годишник
-->

Полициски службеници од ОВР Гостивар на 9 февруари 2026 година околу 15:30 часот лишиле од слобода 69-годишен жител на Гостивар, поради сомнение за поседување наркотична дрога.
При контрола на лицето и на патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки кое го управувал, полицијата пронашла и одзела три пакувања со кафеава прашкаста материја. По добиена судска наредба, бил извршен претрес и во неговиот дом и помошните простории, при што биле откриени уште три ќеси со истата материја.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
