Хеликоптери и полиција на секој чекор утрово во Скопје
Продолжува судењето за хоророт во кумановската Дива Населба. Денеска петмина кумановци ќе сведочат за настаните на кои беа сведоци во мај минатата година.
Денеска во Скопје се забележува зголемено присуство на полицијата која ја има на секој чекор, а и полициски хеликоптери го надлетуваат градот.
Инаку, последното рочиште беше на 8 Март. Завчера во Судот покрај жители од кумановската населба сведочеа полицаец и командир од полициската станица „Пелинце“. Сведоците беа предложени од страна на обвинителството.
Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица