Македонија
9. July 2024 - 20:53

Хеликоптер на МВР фрли над 20 тони вода врз пожарот кај село Делогожди

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за  воздухопловни единици на МВР денеска повторно дејствувал на пожар вo шума во атарот на струшкото село Делогожди, информираа од МВР.

Хеликоптерот исфрлил над 20 тона вода и во координација со силите на терен прецизно дејствувал за гасење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола.