Хејли: САД ќе предложат нова резолуција на ОН за Северна Кореја
САД во Советот за безбедност на ОН ќе предложат нова нацрт резолуција за воведување санкции против Северна Кореја, откако оваа земја ја лансираше својата прва интерконтинентална балистичка ракета, соопшти денеска американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.
-Севернокорејското лансирање на оваа ракета е јасна и остра воена ескалација, рече Хејли на итната седница на Советот за безбедност, пренесоа американските медиуми.
„Ние во следните денови пред Советот ќе ја изнесеме новата резолуција која ќе го придвижи меѓународниот одговор во согласност со пропорциите на најновата севернкорејска ескалација“, рече таа.
Франција претходно од Советот за безбедност на Обединетите нации побара да усвои нова резолуција која ќе ги засили санкциите против Северна Кореја, откако таа ја лансира својата прва интерконтинентална балистичка ракета.
САД вчера побараа итен состанок на Советот за безбедност на ОН откако Северна Кореја соопшти дека ја тестирала својата прва интерконтинентална балистичка ракета.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови