Свет
17. February 2019 - 9:02

Хедер Науерт се повлекува како кандидат за амбасадор на САД во ОН

Портпаролката Хедер Науерт, која американскиот претседател Доналд Трамп ја избра за иден амбасадор на САД во ОН, но никогаш официјално не ја номинира за таа функција, се повлече како можен кандидат, соопшти Стејт департментот.

Науерт истакна дека „изминатите два месеца биле тешки за нејзиното семејство и затоа е најдобро за нив да го повлече своето име како избор за таа функција“.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека ја почитува одлуката на Науерт и оти таа како член на неговиот тим одлично ги извршувала своите должности.

Стејт департментот наведе дека Трамп „наскоро“ ќе го објави кандидатот за амбасадор на САД во ОН.