Хаварија во магацин за хемиски средства во Хамбург
Повеќе од половина тон сулфурна киселина испарила во воздухот во инцидент во магацин за хемиски материјали во Хамбург, пренесуваат денеска германските медиуми.
Покрај бурето во кое што била сулфурната киселина во допир со воздухот дошло уште едно буре со азотна киселина, поради што постои опасност по здравјето на луѓето што живеат во близина на магацинот, изјави портпаролот на противпожарната бригада во Хамбург.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, се уште нема информации за повредени или настрадани, но опасноста по здравјете на неколку населби во Хамбург е голема поради опасната хемиска смеса што се создава со контакт меѓу сулфурна и азотна киселина.
Поради опасноста од локалното население на Хамбург е побарано да не ги отвора прозорците во текот на денот.
Засега нема конкретни информации дали се работи за несреќа при работа или инцидентот е предизвикан намерно.
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен