Џет-Сет
14. јуни 2017 - 21:29

Харис е веќе минато, Рада има нов фраер – еве за кого станува збор!

Популарната српска пејачка Рада Манојловиќ е во фокусот на срспките медиуми поради својот љубовен живот.   Откако се пишуваше дека го остави колегата Харис, сега наводно веќе има најдено нов избраник, а симпатиите им се обострани.
 
Станува збор за раперот Вук Моб кој не се штеди за ласкави комплименти за Рада.
- Рада и Вук се запознаа пред еден месец на заеднички настап во Швајцарија, а раперот остана без текст кога ја здогледа и веднаш започна разговор со неа и почна да и се додворува. Беше упорен и разменија броеви. Оттогаш редовно се допишуваат, вели близок извор до пејачката.
 
- Да, навистина е така, потврдува Вук, таа е гром риба и според мене е најдобра на естрадата. Секси е, слатка, одлично изгледа. Ма воодушевен сум, изјавува тој и додава дека не губи надеж дека наскоро ќе бидат заедно.