Харири ќе отпатува во Париз во следните 48 часа
Саад Харири се очекува да ја напушти Саудиска Арабија и да се упати кон Франција во следните 48 часови пред да замине дома во Бејрут каде официјално ќе поднесе оставка како либански премиер, јавија западни медиуми повикувајќи се на изјава на близок соработник на Харири.
Харири најави оставка во телевизиско обраќање од Саудиска Арабија на 4 ноември и досега се нема вратено во Либан. Тој вчера рече дека во Либан ќе се врати „наскоро“.
Потврда дека Харири ја прифатил поканата на францускиот претседател Емануел Макрон да допатува во Париз, денеска дојде и од министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.
- Тој ќе дојде во Франција и за тоа е информиран принцот, изјави Ле Дриан, реферирајќи се на саудискиот принц Мохамед Бин Салман, со кого имал разговор доцна синоќа.
Ле Дриан уште рече дека не знае кога Харири, кој има двојно саудиско и либанско државјанство, ќе пристигне во Франција.
- Распоредот на Харири е негова работа, истакна францускиот министер.
При објавувањето на својата оставка на 4 ноември, како што пренесува МИА, Харири го обвини Иран дека се обидува „да го присвои" Либан и дека се меша во односите меѓу арапските држави, апелирајќи, како што рече, за „укинување на иранското оружје“ во регионот на Блискиот Исток.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација