-->
-->
Хари Мата Хари доживеал „нервен слом“ во финалето на „Пинкови ѕвездички“
-->

„Ми се спие, не можам повеќе да гледам, а како ли им е ним“, викал пејачот и членот на жири по организаторите.
Хари Мата Хари доживеал „нервен слом“ во финалето на „Пинкови ѕвездички“. Членот на жирито, на популарното музичко натпреварување, околу два часот по полноќ ги прашал организаторите за колку часот е планирано прогласувањето на победниците.
Откако му кажале дека тоа ќе биде нешто пред четири наутро, пејачот збеснал.
„Не сте хумани, ги држите децата до четири наутро, па тоа не е нормално! Ми се спие,не можам повеќе да гледам, а како им е ним? Исфрлете нешто од таа ваша ’кошулка’, инаку ќе си одам дома, ова нема смисла. Децата ќе заспијат на сцената“ викал Хари.
Иако го смирувале и му говореле дека бргу ќе дојде крај, емисијата завршила нешто пред четири наутро. Хари дремел на столот, а пред самиот крај кога натпреварувачите од минатата сезона заедно со суперфиналистите изведувале сплетови песни, Варешановиќ гледал во една точка не трудејќи се да го скрие бесот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
