Кошарка
26. January 2019 - 9:47

Харден со 35 поени во драматичната победа на Хјустон

Џејмс Харден забележа повеќе од 30 поени во 22-ри натпревар по ред, при драматичниот успех на Хјустон над Торонто, со 121:119 во НБА лигата.

Харден беше најдобар стрелец за домаќините со 35 поени, иако тој пропушти 11 од 13 обиди во зоната за три поени. Ерик Гордон додаде 24 поени, а Кенет Фарид имаше 21 поен и 14 скокови. Домаќините запишаа две победи во серија за првпат овој месец.

Каваи Ленард се истакна со 32 поени, 7 скока и 5 асистенции за Торонто, но пропушти да го донесе успехот на гостите со шут од далечина со сирената, а гостите дозволија два последователни порази за прв пат од декември.