Харадинај: Ставовите на Весели за таксата на српскиот увоз се погрешни
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по повод вчерашната изјава на претседателот на Собранието Кадри Весели, кој се заложи за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, изјави дека различните ставови на косовските лидери по тоа прашање ги ослабуваат позициите на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај денеска на конференција за новинари изјави дека пристапот на Весели, како лидер на Демократската партија на Косово (ПДК), која е во коалиција со неговата Алијанса за иднината на Косово (ААК), е погрешен и порача дека „не е важна долговечноста на коалицијата, туку е важна заштитата на националниот интерес“.
– Не сме се сретнале веќе извесно време, се среќаваме повремено, но мислам дека има погрешен пристап, како и претседателот (Хашим) Тачи. Тие го ослабија Косово до толку што Србија денес поставува услови за да дојде на маса. Јас не прифаќам услови од Србија за дијалог и не го давам нашиот пазар, изјави Харадинај.
Тој ја отфрли како неоснована и забелешката на Весели дека „Харадинај разговара со Америка исто како и со Србија“.
– Таа квалификација не држи вода. Со Србија еднаш се имам разделено со војна, а на страната на Америка сум цело време. Со Србија имаме разлики по многу теми, а со Америка само во однос на суспендирањето на таксата. Кога господинот Весели и другите би биле единствени, Америка можеби би не поддржувала уште повеќе, но оваа желба да се зборува поинаку му причинува штети на Косово. Ние со Америка разговараме како со семејство, а на семејството му кажуваш кога нешто те боли, изјави Харадинај.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот