Балкан
27. November 2017 - 15:25

Харадинај: Ќе се интензивираат напорите за трансформација на Косовските безбедносни сили

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави дека Приштина ќе ги интензивира напорите за трансформирање на Косовските безбедносни сили во војска.

- Трансформацијата на Косовските безбедносни сили во војска ќе гарантира безбедност за граѓаните на Косово, напиша Харадинај на Фејсбук.

Тој додаде дека процесот на трансформација ќе биде успешен и оти во него ќе бида вклучени сите заедници.