Харадинај го пополни испразнетото место во Владата по разрешувањето на министерот Теодосијевиќ

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја именува Адријана Хоџиќ за нова министерка за администрација и локална самоуправа, откако во вторникот од таа функција го разреши Иван Теодосијевиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веста за именувањето на досегашната шефица на општинската администрација во Северна Митровица за член на неговиот Кабинет, Харадинај ја објави на својата страница на Фејсбук.
– Денеска за министерка во Министерството за администрација и локална самоуправа ја именував Адријана Хоџиќ, која се истакнува со нејзините залагања за доброто на граѓаните на Косово. Општо е познат нејзиниот придонес во градењето мостови на комуникација и доверба меѓу заедниците во Косово, објави косовскиот премиер.
Пред три дена Харадинај од министерската позиција го разреши Теодосијевиќ, кој доаѓа од редовите на Српската листа, поради тоа што на одбележувањето на годишнината од нападите на НАТО врз Србија изјави дека Албанците се „крвопијци и измамници“, додека масакрот врз цивилното население во селото Речак во јануари 1999 година го нарече „измислица“.
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
