Харадинај ги извести за оставката парламентарните партии, но не и Српската листа
Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај објави дека за својата оставка денеска ги известил написмено челниците на државните институции и лидерите на парламентарните партии на Албанците, како на оние од владејачката коалиција, така и на опозициските, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај на својата страница на Фејсбук објави и дека, под негово водство, Владата во оставка ќе продолжи да ја води земјата до изборот на нова Влада.
Тој објави факсимили од писмата упатени до претседателот на државата Хашим Тачи, собранискиот спикер и претседател на коалиционата Демократска партија на Косово (ПДК) Кадри Весели, лидерите на коалициските Социјалдемократска иницијатива (Нисма) Фатмир Лимај и Алијанса ново Косово (АКР) Беџет Пацоли, како и на оние на опозициските партии, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти и Социјалдемократската патија (ПСД), Шпенд Ахмети.
– Денеска написмено ги известив челниците на институциите и лидерите на парламентарните политички партии за одлуката за оставка од функцијата премиер на Република Косово. Согласно Уставот и законите на Република Косово повикав на преземање на потребните чекори за прогласување вонредни избори, со цел правото на избор да му се врати на суверенот. До изборот на новата Влада ќе продолжам да ја вршам уставната должност како премиер и Влада во оставка, напиша Харадинај.
Во објавата на Харадинај не се споменува и нема фотографија од писмо упатено до најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ), која има десет пратеници во Собранието на Косово.
Партијата на Горан Ракиќ им ги понуди своите десет гласови на опозициските партии на Албанците за уривање на Владата на Харадинај, меѓутоа ЛДК, ВВ и ПСД ја одбија понудата, порачувајќи дека сакаат да ја урнат Владата сами, а не со помош на партијата која е под директна контрола на претседателот на Србија Александар Вучиќ и со чии гласови Харадинај и партнерите дојдоа на власт.
Харадинај во петокот, на 19 јули, поднесе оставка од премиерската функција поради покана од Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, порачувајќи дека пред судот сака да се појави како граѓанин на Република Косово, а не како премиер.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност