Харадинај: 6 октомври е референдум за недопирливоста на границите

Косовскиот премиер во оставка и лидер на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, по повод 28-годишнината на референдумот за независност на Косово, порача денеска дека и годинешниот 6 октомври, кога ќе се одржат вонредните парламентарни избори, претставува сличен референдум за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според Харадинај, изборите на 6 октомвти претставуваат и референдум за тоа дали ќе се дозволи да се допрат границите и суверенитот на земјата.
– На 26 септември 1991 година народот на Косово масовно се одзва на референдумот, за да се изјасни за независноста на земјата. Овој истриски чин ја запечати волјата на нашиот народ за живот во слобода и независност. Сега, 28 години подоцна, изборите кои се пред нас претставуваат референдум за да не се дозволи да се допрат границите и суверенитот, за да го исполниме заветот на генерациите, напиша на својата страница на Фејсбук Харадинај, кој, како што соопшти владината прес-служба, се наоѓа во посета на Соединетите Американски Држави.
Вонредните парламентарни избори на 6 октомври во Косово ќе се одржат откако во јули годинава Харадинај поднесе оставка на премиерската функција, а Собранието минатиот месец се самораспушти. Кампањата за изборите, на кои учествуваат 25 политички субјекти, започна вчера, 25 септември, и ќе трае до 4 октомври на полноќ.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
