Македонија
15. October 2018 - 16:36

Хаос во старата прилепска чаршија

Иако е споменик на културата заштитен со закон веќе со децении во старата прилепска чаршија владее буквален хаос и анархија. Наместо срце и душа на на градот таа денес личи на обичен панаѓур. Комплетно ја изгубила автентичноста. Тезги на сите страни, излози од ПВЦ дограма, светлечки реклами, секој градел како сака и како ќе стигне. Законот и инспекциите по се изгледа неважат тука. И од Заводот и Музеј признаваат дека државата одамна ја изгубила контролата.

„Ние во еден период колку што можевме интервениравме, апелиравме до институцииите да не се дозволува нарушување до тој степен на изгледот на старата чаршија, не добивавме позитиивен одоговор. Од тие причини можам да кажам дека сега имаме хаос во чаршијата“, рече Благоја Атанасоски, директот на Завод и Музеј Прилеп.

Локалните моќници блиски до политичките партии со своите летни бавчи на кафулињата исто така се дел од ова е безаконие и кич, узурпирајќи го јавниот простор и загрозувајќи ја безбедноста.

„До тој степен ги испуштија работите од контрола му се дозволи на сите сопственици особено на кафулињата да земаат простор од самите патеки на старата чаршија. Не дај Боже да дојде до пожар противпожарно возило нема да може да влезе во чаршијата за да иинтервенира“, додаде Атанасоски. 

Од занаетчиската комора на Прилеп велат дека пред 8 до 9 години со грант од занаетчиската комора на Германија требало комплетно да се ревитализира чаршијата, но тогашните власти немале слух и проектот не се реализирал.

„Туристи странци доаѓаат во сите наши дуќани и велат дека не гледаат ништо автентично. Ќе се фотографираат тука, но што ? Има само алумииниум и желозини“, рече Крешимир Здравески, член на управен одбор на занаетчиска комора.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска прашаа зошто Прилеп изостанал од грантот на министерството за економија за ревитализација на излозите на старата чаршија.

„Прилеп не доби грант како останатите општини за средување на излозите и фасадите на дуќаните во старата чаршија, но затоа доби објкети кои никнаа преку ноќ, на диво, во срцето на градот, спротивно на законите“, кажа Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Од Заводот и Музеј Прилеп рекоа дека со грант од Светска банка битолска невладина организација наскоро ќе започнела со ревитализација на чаршијата. Прва фаза ќе било нејзино поплочување со гранитни плочи и коцки, блиски до стариот изглед. Средства за ревитализација ќе се барале и од Министерството за култура.