Хаос пред „Три Бисери“, повредени неколку полициски службеници
Групна тепачка пред Три Бисери, настрадале неколку полициски службеници.
Како што информира полицвијата, вчера околу 04,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ во Трговскиот центар „Три Бисери“, пред угостителски објект, Д.Ј. (31) и В.Ѓ. (27) од Скопје, физички биле нападнати од страна на С.С.(23) и уште три непознати лица. Двајца полициски службеници, кои минувале во тоа време во близината се обиделе, откако се легитимирале со службени легитимации, да го спречат нарушувањето на јавниот ред и мир.
Но С.С. со тупаница удрил еден од полициските службеници во пределот на лицето, по што му било возвратено и тој заедно со другите лица кои биле со него влегле во возило и го напуштиле местото на настанот. Додека полициските службеници му пружале помош на едно од нападнатите лица дошол Б.С. (50) (татко на С.С.) и физички ги нападнал полициските службеници.
Од страна на екипа на Итната медицинска помош им била укажала лекарска помош на повредените, по што Д.Ј. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани телесни повреди. Телесни повреди во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ му се констатирани и на еден од полициските службеници кој бил задржан на лекување.
За настанот е запознат и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, како и дежурен Јавен обвинител, по чии што насоки се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено