Хаос на граница: Мигрантите удрија по полицијата - 15 полицајци повредени
Се уште е тензична состојбата на македонско-грчката граница каде утрово околу 10:30 часот, организирани групи бегалци од Идомени се обидоа илегално да ја поминат границата на три различни места на потегот од граничниот камен 59 кон селото Моин, но беа спречени во тоа.
Како што изјавија за МИА од МВР, во интервенцијаат на нашите безбедносни сили за спречување на бегалците во нивните намери повредени се 15 полициски службеници од кои пет се здобиле со потешки повреди и се задржани на лекување во Медицинскиот центар во Гевгелија.
- Има вкупно 15 повредени полициски службеници, оштететни се и повеќе од три полициски возила - пинцови, како и штитови од камењата, дрва и шишиња со кои бегалците фрлале кон полицијата. Веќе е зголемен бројот на полициските сили и се работи на расчистување на состојбата која трае, велат од МВР.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?