Хан: Во ЕУ има се поголема волја за прием на Западен Балкан

Во ЕУ постои се повеќе волја да се разгледа членството на земјите од Западен Балкан со што би се гарантирал мирот во регионот, изјави денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
- Меѓу државите членки на ЕУ постои повеќе желба да се позанимаваат со проширувањето отколку пред една година, истакна Хан за австрискиот весник „Винер цајтунг“.
Тој нагласи дека „земјите членки сфатија дека мирот може да се осигура на Балканот, а перспективата за членство во ЕУ е клучна за тоа“.
Хан оцени дека Западен Балкан и 20-те милиони луѓе кои живеат во тој регион се многу привлечен пазар за ЕУ и потенцираше дека „нова држава-членка не е товар, тугу богатство“.
Воедно, Хан истакна дека не се согласува со идејата „Европа во повеќе брзини“, бидејќи тоа би довело државите-членки да се оддалечат едни од други. Наместо тоа би требало да се вложат напори за послабите држави да зајакнат, а со тоа и цела ЕУ.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
