Хан во дводневна посета на Македонија

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан утре и задутре ќе престојува во посета на Македонија во рамки на која ќе има политички и средби со претставници на граѓанскиот сектор.
Хан, како што засега официјално е потврдено, ќе има средби со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери, со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на Алијансата на Албанците Зијадин Села, објави МИА.
Во рамки на посетата еврокомесарот ќе се сретне и со претставници на невладиниот сектор.
Посетата на Скопје еврокомесарот Хан минатата недела ја најави на Твитер по средбите во Брисел со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.
- Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје, следната недела, во рамки на која ќе имам политички средби, но и средби со претставници на цивилното општество, објави Хан.
Во твитот како извонредна ја оцени средбата Османи и со Димитров.
- Верувам дека Владата ќе го искористи позитивниот момент и оти ќе ги видиме резултатите од натамошните реформи до крајот на годината. За ова е потребна конструктивна соработка на сите политички сили, вклучувајќи ја и опозицијата, нагласи Хан.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
